X
 18.07.2017 Живот

Најдобрата и најкратката лекција за стресот

Еден професор на своите студенти им го одржал следното предавање:

„Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки кои нè дефинираат и ни помагаат да созрееме. Но кога ќе се вовлече стресот, тој може да направи работите да станат скоро невозможни. Може да нè парализира и да нè спречи да ги направиме работите што мора да се завршат“.

Тогаш, професорот ставил вода во една чаша и ги запрашал своите студенти: „Колку тежи оваа чаша вода?“

Студентите давале разни одговори:

„Два децилитри“, рекла една студентка, а потоа се нижеле одговори: „Три децилитри, пет децилитри“.

На тоа професорот им одговорил:

„Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, нема да се случи ништо. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката и ќе бидам парализиран. Значи, тежината на чашата не се промени, но колку подолго ја држам, толку потешка станува. Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако мислите на нив кратко, тогаш не се проблем. Ако мислите на нив подолго време, тогаш почнуваат да болат. Ако мислите на нив цел ден, ќе бидете парализирани и неспособни да направите што било друго. Запомнете: спуштете ја чашата“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот