X
 20.09.2018 Живот

Бонус од 50 милиони фунти за новиот директор, но под еден услов

Новиот извршен директор на британската интернет-компанија „Буху“, Џон Литл, ќе добие бонус од 50 милиони фунти ако во следните пет години цената на акциите на компанијата се зголеми за 180 отсто. Со тоа пазарната вредност на компанијата би пораснала од 2 на 5,6 милијарди фунти.

Иако коосновачите на оваа брзорастечка компанија, Махмуд Камани и Карол Кејн, веруваат дека Литл ќе успее во тоа и ќе ја одведе компанијата во нова фаза на раст, од британскиот центар „Хај Пеј“, кој ја надгледува исплатата на бонуси на директорите, предупредуваат дека олку високи бонуси не се добри.

Имено, ова не е прв ваков случај во последно време. Голема расправа во јавноста предизвикаа неодамнешните бонуси за извршните директори на „Персимон“, „Мелроз“ и „ГВЦ Холдингс“.

- Познато е дека директорските бонуси се движат од четири до пет милиони фунти, така што износите од неколку милиони фунти секако може да се сметаат за контроверзни. Постојат многу истражувања кои посочуваат дека бонусите и не се најголем мотив за работа на директорите, но исто така тоа не се ниту главни двигатели на компанијата. Големите разлики во платите и наградите меѓу сите вработени неретко може да имаат негативен ефект врз работата - истакнува Лук Хидјард, директор на „Хај Пеј“.

Литл би требало официјално да почне со работа следната година, додека од компанијата истакнаа дека со реализацијата на овој план започнуваат што е можно поскоро. Исто така, додадоа дека исплатата на бонусите нема да се случи пред реализација на растот на вредноста на акциите од 60 отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот