X
 19.11.2015 Живот

Водич за заштита од терористички напад

Во средата, жителите на Велика Британија по грешка добиле официјален водич за бегање во случај на напад за време на работа.


„Бегајте и инсистирајте другите да излезат со вас. Доколку не можете да бегате, скријте се. Ако може да го видите напаѓачот, тој или таа можеби може да ве види вас“, пишува во документот.

Во водичот се наведуваат повеќе совети за канцелариите во врска со начинот на кој може да се заштитат во случај на напад, тренинзи на вработените за итни случаи и информирање на луѓето што се случува. Водичот се печател во поголем тираж од нападите во Париз во кој беа убиени најмалку 129 лица.


Инаку, водичот првично бил планиран да се објави како процедура против тероризам, но по грешка бил објавен во огромен тираж и порано.

Во документот се споменува и краток филм за безбедност кој се испраќа до компаниите. Велика Британија најави и зголемување на фондот за разузнавачките агенции и специјалните сили по нападите во Париз.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот