X
 05.04.2023 Наука

Смоква што ѝ пркоси на гравитацијата - расте наопаку во урнатини во Италија

Смоква расте наопаку во стари урнатини во италијанскиот град Баколи. Смоквата никнала од таванот, а никој не знае како успеала да преживее толку години, особено со оглед на тоа што секоја година расте и дава плодови.

Обичната смоква била една од првите билки што ги одгледувале луѓето. Во Јордан биле пронајдени фосили од смокви кои датираат од 9400 година пр.н.е. Тие најчесто сакаат суви и сончеви места, но имаат силни корења и може да растат со многу малку вода.



Ова стебло во Баколи е доказ дека смоквата може да расте во секакви услови. Смоквата се наоѓа во остатоци од староримски градби, од кои голем дел сега се под вода.



Голем дел од стариот римски град Баја, кој се наоѓал на тоа место, се лизнал под брегот поради промените во Земјината кора во регионот предизвикани од хидротермални и сеизмички активности. Тој бил откриен во 40-тите години на минатиот век од страна на пилот кој забележал структури во водата. Смоквата се наоѓа во градба која е над водата, која сега претставува дел од археолошки парк.



Извор: Green
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука