X
 20.09.2019 Живот

Бенефиции што ги имаат вработените во големите технолошки компании од Силициумската долина

Вработените во Силициумската долина работат во некои од најлуксузните канцеларии затоа што технолошките компании се натпреваруваат во привлекувањето на врвните таленти.

Некои компании нудат зголемена флексибилност и продолжено отсуство, стипендии за патување и бонуси за родители. Други се движат во спротивна насока, минимизирајќи ја потребата да се напушти канцеларијата со тоа што им овозможуваат забава, здравство и многу други работи на самото работно место.

kompanii
Фото: Facebook


Ова се некои од придобивките што ги имаат вработените во најдобрите технолошки компании.

- „Епл“ одржува „забави со пиво“ секој декември, со бесплатни пијалаци, јадење и музички перформанси за вработените.

- Вработените на „Ејр-би-ен-би“ добиваат 2.000 долари годишна стипендија за да престојуваат на местата што ги нудат низ цел свет.

- „Фејсбук“ дава 4.000 долари за новите родители, плус надомест за посвојување или замрзнување на јајце-клетки.

- „Зилоу“ финансира ноќна испорака на мајчино млеко за мајки што мора да одат на бизнис-патување.

- Вработените во „Амазон“ може да ги доведат своите миленичиња на работа, за никогаш да не бидат одделени од нив.

- „Скуер“ се обидува да им угоди на вработените така што тие во секое време имаат специјалисти за масажи, киропрактичари и акупунктуристи.

- „Оракл“ нуди сервиси за хемиско за вработените за тие да изгледаат најдобро на работното место.

- „Ви-емвер“ нуди 2 слободни дена по загубата на домашно милениче.

- „Нетфликс“ е едно од најдобрите места за работа ако имате деца, со цела година породилно отсуство за новите родители.

- Вработените во „Тесла“ од компанијата можат да позајмат автомобили за патување до работа и да го задржат во викенд.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот