X
 25.10.2019 Образование

Штрајк на просветните работници на 11 ноември, СОНК не прифаќа плати повисоки за 10 отсто

Советот на Синдикатот за образование, наука и култура едногласно донесе одлука дека не го прифаќа предлогот на Министерството за образование и наука и Владата за зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи од април 2020 година. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес-конференција рече дека просветните работници своите интереси ќе ги бранат со штрајк.

Од СОНК предлагаат понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување. Како придружни барања што ќе се достават до МОН, се измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава… Неделков смета дека е итно барањето за изготвување и потпишување колективен договор за високо образование и наука, кој би бил со период на имплементација од 1 јануари 2020 година.


Прес-конференција на СОНК

- Советот на СОНК во овој период на помирување до генералниот штрајк, до кога има 15 работни дена, уште еднаш го отвора барањето до МОН и бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку наше барање е да почне од 1 јануари 2020 година - рече Неделков.
Одговарајќи на новинарско прашање, Неделков рече дека доколку не се исполнат нивните барања, би се одржал штрајк кој ќе биде со прекин на работниот процес во основните, средните и високообразовни институции. Тој очекува во меѓупериодот до најавениот штрајк нивните барања да бидат разгледани и да имаат средба со претставници на Владата и на МОН.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование