Иако изборот на документарци достапни на „Нетфликс“ не е како што некогаш беше, стриминг-платформата продолжува да обезбедува револуционерни и важни документарни филмови за широка публика.
Ако сакате да најдете нови, привлечни приказни, „Нетфликс“ има многу што да понуди, но прелистувањето на документарниот дел на „Нетфликс“ ќе ви покаже дека документарците не постоеле пред 1990 година.
Ова се моментално најдобрите документарни филмови на „Нетфликс“.
1. „Паметно со парите“ (Get Smart With Money)
Идеален документарец за гледачите кои сакаат добро да управуваат со своите пари и финансии. Финансиските експерти даваат едноставни совети како да трошите помалку, да штедите повеќе и правилно да менаџирате со парите.
2. „Поглед во умот на мачката“ (Inside the Mind of a Cat)
Во овој документарец експертите влегуваат во умот на мачките. Овие животни ќе ви се прикажат во целосно друга димензија.
3. „Првите 365 дена“ (Babies)
Серија што ја прикажува револуционерната наука што објаснува како бебињата го откриваат светот околу себе во првата година од животот.
4. „Полноќна Азија“ (Midnight Asia)
Азиските метрополи навечер изгледаат особено атрактивно и неверојатно. Овој документарец ги претставува храната, пијалакот, музиката и најлудите места за вечерни излегувања во Азија.
5. „Приказна за шеќерот“ (Watch Story of…Sugar)
Од своето откритие до денес, шеќерот помина низ големи предизвици за да стане незаменлив сегмент од исхраната на современиот човек.
Извор:
Svijetkulture.com
Фото: Screenshot/YouTube