X
 30.06.2022 Живот

Долги работни часови, малку сон и голем притисок: Пеколно е да се работи за „најсреќната социјална мрежа“

„Тик-ток“ можеби изгледа како најсреќното место на интернетот, но тоа е само илузија, барем според искуството на многу инфлуенсери.

Ситуацијата не е многу подобра ниту со „Инстаграм“.

Имено, вработени во американските канцеларии велат дека напорната внатрешна култура на таа мрежа е во спротивност со нејзиниот „жив имиџ“ во јавноста.

Нејзините работници, од кои многумина се ветерани од други големи технолошки компании, велат дека „Тик-ток“ ја нагласува немилосрдната продуктивност и тајност до необичен степен во индустријата. Како што мрежата продолжува со својот брз раст, така се зголемува и тензијата.

Инаку, „Тик-ток“ е под покровителство на компанијата „Бајт денс Лтд“ со седиште во Пекинг.

Основана пред само шест години, социјалната мрежа забележа најмногу преземања во првиот квартал од 2022 година.

Канцелариите на „Тик-ток“ во САД имаат околу 1.500 вработени од средината на 2020 година, а минатата година од компанијата истакнаа дека би сакале да го зголеми тој број на 10.000.

Голем дел од работата вклучува „конвертирање“ на производите развиени во Кина за американската публика и користење на богатиот пазар за рекламирање во САД, што е еден од најхрабрите експерименти во премостувањето на работните култури на двете светски технолошки суперсили.

Во Лос Анџелес се наоѓа базата на „Тик-ток“, а некои вработени се жалат на недостиг на сон, што се влошува со честата работа во викендите и задолжителните состаноци со колегите од другата страна на светот. Неколку поранешни вработени во САД рекоа дека имале, во просек, 85-часовни состаноци - за време на нивното работно време во „Тик-ток“, и дека морале да одвојат дополнително време за да ја завршат работата.

Друг работник вели дека го убедил шефот да го поштеди од работа цела ноќ дури откако ги споделил резултатите од медицинската лабораторија, кои покажуваат дека неговиот живот е загрозен.

tik tok
Фото: Freepik

Исто така, поранешните вработени ја опишуваат тешкотијата на работата, стресот или емоционалните падови како толку сериозни што побарале терапија. Една вработена вели дека имала огромен притисок да биде присутна на последователни состаноци, да се воздржи од станување и менување на тампонот за време на месечниот циклус.

Директорите на „Тик-ток“ редовно им кажуваат на вработените: „Секогаш е прв ден“, повторувајќи ја реченицата популаризирана од шефот на „Амазон“, Џеф Безос. Така наводно тие поттикнуваат иновации.

Исто така, „Тик-ток“ вели дека направил приспособувања на својата практика и работна култура за да ја постигне целта „да се изгради и негува тим овластен да поддржува растечка глобална заедница“.

Она што најмногу им пречи на вработените се долгите работни часови, малку сон и кратки рокови. Таквата атмосфера е вообичаена кај брзорастечките технолошки компании како оваа, но се додава дека стресот присутен во „Тик-ток“ во САД е немерлив.

Една работничка вели дека навечер толку многу време разговарала со колегите од Кина наместо со сопругот, што морале да одат на брачна терапија. Таа, исто така, нагло ослабела и имала проблеми со спиењето.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот