X
 20.10.2020 Образование

„Huawei Seeds for the future“ – онлајн-студиска програма

Министерството за информатичко општество и администрација преку соработка со компанијата Huawei обезбеди можност за наградување на петте најдобри студенти од ИКТ-факултетите во Република Северна Македонија. Станува збор за онлајн-студиската програма „Huawei Seeds for the future”, која компанијата Huawei ја спроведува од 2008 година, а преку која на најдобрите студенти им се нуди можност да се запознаат со нејзиното работење во доменот на ИКТ-индустријата. Сите трошоци за оваа програма се покриени од компанијата Huawei. Програмата ќе се одржува од 2 до 6 ноември 2020 на јавната образовна платформа iLearningX.

Студeнтите што можат да аплицираат за оваа програма треба да:

- Имаaт просек над 9,0.
- Имаат имаат запишано 3. година на факултет;
- Се запишани првпат на студии по 2016 година (сметано од 2016 година);
- Имаат одлично познавање на англискиот јазик (говорење и пишување);
- Подготват мотивациско писмо не подолго од 2 страници, напишано на англиски јазик.
- Не се постари од 30 години.

Студентите може да аплицираат со скениран пасош (или лична карта) и уверение за положени испити каде што се дадени бројот на положени испити и просек на добиени оценки, со известување за вкупниот број испити (без дипломска работа). Мотивациското писмо ќе биде користено како критериум за избор на најдобрите кандидати.

Апликациите да се пратат на е-адреса apliciraj@mioa.gov.mk до 26.10.2020 година, 23:59 часот.

Избраните кандидати ќе бидат известени по е-пошта најдоцна до 29.10.2020 година.
 
TУКА може да дознаете повеќе за студиската програма.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование