Филмот „Зелената книга“ ја доби главната награда од Американското здружение на продуценти („Producers Guild of America - PGA“) и ги победи фаворитите „Рома“, „Ѕвездата е родена“ и „Црниот пантер“.
- Кога ќе направите филм како „Глупав и поглупав“, никогаш не очекувајте да добиете награда - изјави продуцентот и режисер на филмот „Зелената книга“, Питер Фарели, кога го прими признанието на церемонијата во Беверли Хилс.
Десет филма беа номинирани за главното признание од Американското здружение на продуценти, вклучувајќи ги филмските остварувања „Црн член на Кју-клукс клан“, „Боемска рапсодија“, „Луди богати Азијци“, „Фаворитот“, „Тивко место“ и „Заменик“.
Фото: Getty Images
Во трката за филмски награди, наградите од Американското здружение на продуценти спаѓаат во оние што внимателно се следат како навестување за „Оскарите“.
Од 29 добитници на главни награди, 20-ина од нив освоиле „Оскар“, вклучувајќи го и минатогодишниот победник „Обликот на водата“.
Филмот „Зелената книга“, во кој дејството се случува во 60-тите години, раскажува за африканско-американски музичар кој ќе вработи италијанско-американски возач да го вози на турнеја низ јужен САД.
Филмот доби три награди„Златен глобус“ оваа година, за најдобар филм во категоријата мјузикл и комедија, најдобро сценарио и најдобра споредна машка улога за Махершал Али.
Но, наградите од здружението се чинеа како споредни, покрај многубројните специјални признанија што во текот на вечерта им беа дадени на шефот на „Марвел“, Кевин Фиџ, Џејн Фонда, директорот на филмската група „Ворнер брадрс“, Тоби Емерих и други.
ТУКА можете да ги погледнете сите победници.