Актерите и актерките секогаш се трудат да го дадат својот максимум за нивниот филм да изгледа што подобро, при што се изложуваат на секаков вид на ризик за време на снимањето. Ви претставуваме неколку актери кои навистина имале среќа и избегнале катастрофална несреќа.
Џони Деп - Животот на овој холивудски актер висел на конец кога доживеал несреќа за време на снимањето на „The Lone Ranger“. Имено, при снимањето на една сцена во која 50 годишниот глумец јавал на коњ, седлото наеднаш се олабавило, при што Деп паднал, но некако останал закачен, па исплашеното животно го влечкал по земја.
Хали Бери - Сексапилната актерка едвај спасила жива глава кога за време на снимањето на филмот „The Call“ доживеала ужасна несреќа. При снимањето на една од сцените таа паднала и со цела сила ја удрила главата од бетонски блок, при што ударот ја оставил без свест и обилно крварење. За среќа се работело само за поблаг потрес на мозокот.
Џејсон Статам - Актерот доживеал несреќа за време на снимањето на последниот дел на филмот „Тhe Expendables“. Статам во една сцена возел камион, на кој наеднаш кочниците откажале па возилото излетало во Црното море, со глумецот во него. Статам се извлекол од кабината на камионот, кој веќе потонал и испливал на површина, воодушевувајќи ги присутните.
Џон Абрахам - Еден од најпознатите актери на Боливуд бил застрелан на снимањето од неговиот колега Анил Капур. Инцидентот се случил така што за време на една сцена, додека Капур пукал, наместо предвидените 15 метри, тој бил на само 1 метро далечина. Иако куршумите биле ќорци, тие би можеле да бидат фатални затоа што растојанието било мало.
Џејми Александар - На снимањето на филмот „Thor: The Dark World“, актерката Џејми се лизнала и паднала од метални скали, доживувајќи тешка повреда поради која не можела да го снима филмот. Таа го повредила 'рбетниот столб, и` пукнале 11 пршлени, го дислоцирала рамото и ги искинала лигаментите.