Првиот игран филм на режисерот Вардан Тозија „Џган“ освои Гран-при на Филмскиот фестивал во Кицбил, кој се организираше од 21 до 27 август. Ова е уште едно меѓународно признание за филмот кој се осврнува на светот во кој за децата штитеници од дом за деца без родители постои само називот „џган“. Македонски продуцент на филмот е Огнен Антов од „Дрим фактори“, а е во копродукција со Албанија. Главните улоги ги толкуваат: Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски.
„Џган“ годинава ја доби и ФИПРЕСЦИ наградата на Филмскиот фестивал во Приштина, а филмот учествуваше и на најголемиот азиски филмски фестивал, во Шангај, како и на Меѓународниот филмски фестивал во Дурбан, Јужна Африка.