X
 20.11.2018 Технологија

Поради ГДПР, протекле лозинки од „Инстаграм“?!

„Инстаграм“ почна да испраќа писма со предупредување и извинување до корисниците погодени од новата грешка. Портпаролот на „Инстаграм“ нагласи дека компанијата открила „интернет баг што зафатил неколку профили“.

За што станува збор?

инстаграм
Фото: Wikimedia Commons


Багот во овој случај е поврзан со функција што компанијата ја објавила во април. Оваа алатка на корисниците им овозможува да ги преземат нивните податоци на компјутер, а била поттикната од европскиот закон ГДПР. Според „Инстаграм“, мал дел од корисниците што ја користеле оваа функција ја добиле својата лозинка во рамките на URL во веб-прелистувачот, со акцент дека наведените лозинки се зачувани на серверите на „Фејсбук“. Експерт за безбедност објаснува дека вакво нешто е возможно исклучиво ако „Инстаграм“ ги зачувува лозинките како обичен текст, што е загрижувачка околност за компанија што има милион активни корисници.

Претставник на „Инстаграм“ го негираше ова нагласувајќи дека компанијата ги енкриптира зачуваните лозинки. Од компанијата велат дека ја коригирале грешката на алатката, што значи дека лозинките повеќе не се видливи, но ги советуваат корисниците погодени од багот да ги променат за секој случај.  

Накратко, оние што биле погодени од багот, при преземањето информации од „Инстаграм“, во адресата ја виделе својата лозинка. За среќа, бидејќи адресата не може да ја види никој освен нив, потенцијалната штета е минимална, а „Инстаграм“ убедува дека багот нема да се повтори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија