„Симон Трпчески, магионичар на пијано во Радио Франс“ - е насловот на воодушевувачката критика од рециталот на нашиот пијанист во Париз што се одржа викендот.
Критиката е објавена од престижната страница за класична музика „Бахтрак“ и е потпишана од легендарниот критичар Ален Ломпеш. Овој критичар, меѓу другото, пишувал и за „Фигаро“.
- Публиката беше во егзалтација на крајот на концертот - стои на крајот од критиката.
Инаку, рециталот подоцна беше емитуван и на програмата на „Франс мјузик“.