X
 17.11.2018 Наука

Изгласана промената на дефиницијата на килограмот

Научниците едногласно гласаа за промена на начинот на кој се дефинира килограмот.

Цилиндарот од платина и иридиум, кој се чува во трезор во Париз, сега ќе биде „пензиониран“ од неговата улога како вистинскиот килограм.

Наместо тоа, учесниците на Генералната конференција за тежина и мерки се решија да користат мерка заснована на електрични струи за да ја дефинираат оваа единица за тежина.

Претставници од 60 земји од светот се собраа во Франција, за да бидат сведоци на моментот. Одлуката беше поздравена со аплауз откако беше одобрен новиот систем.

Покрај килограмот, во гласањето беа опфатени и три други мерки од Меѓународниот систем на единици: ампер, келвин и мол.

Луѓето нема да ги почувствуваат промените во секојдневниот живот, но моментот се смета за револуција во полето на тежина и мерки.

Употребата на Планковата константа ќе понуди предности во однос на поархаичниот метод кој сега се користи.

Килограмот од 1889 година е дефиниран со сјајното парче платина и иридиум. Сите современи единици на маса се изведуваат од него - од микрограми за лекови до килограм јаболки и круши, како и тон челик или цемент.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука