За оние што живеат во домаќинства со ниски приходи во урбаните зони со ниски емисии и кои се откажуваат од своите автомобили, достапна е субвенција од 4.000 евра за купување електричен велосипед.
Иницијативата можат да ја користат и оние што сакаат да користат традиционални, немоторизирани велосипеди. Нешто помали субвенции се достапни за граѓаните што имаат повисоки примања.
Субвенциите првично беа воведени минатата година, но неодамна беа зголемени откако владините претставници сфатија дека треба да се направи повеќе за да се стигнат Холандија, Германија и Данска. Француската Влада сака 9 отсто од земјата да премине на велосипеди до 2024 година, додека само 3 отсто од земјата ги користи сега. Во Холандија 27 отсто од жителите веќе преминале на велосипеди.
Оваа политика во Франција се заснова на моделот на програма во Литванија каде што граѓаните имаат право на субвенција до 1.000 евра за купување нов електричен велосипед, скутер, мопед, мотоцикл или дури и кредит за јавен превоз во замена за старото возило.
Владата на Франција вети дека ќе инвестира 250 милиони евра за да го направи Париз пријателски настроен кон велосипедите. Градоначалничката Ен Идалго на изборите минатата година вети 130 километри нови велосипедски патеки во следните 5 години.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik