X
 10.05.2017 Живот

Фрази кои лажливците ги користат често

Никој не ја зборува вистината цело време. Всушност, сосема е во ред понекогаш да се користат мали бели лаги, но да се лаже со цел да се скрие важна информација е друго.

Постојат одредени фрази кои непоправливите лажливци ги користат често:

„Искрено“/„Да ти ја кажам вистината“
– секогаш кога се разговара постои мислењето дека другиот ја зборува вистината, а лажливецот сака да се поткрепи со вакви фрази. Искрениот човек нема да се чувствува обрамбено и нема да ги користи овие фрази.

„Јас никогаш“/„Јас секогаш“ – „никогаш“ и „секогаш“ се често дел од вокабуларот на лажливците. Тие ги изговараат за она што го зборуваат на другиот да му се чини поверодостојно.

Користење на „тие“, „тој“/„таа“, „ние“, повеќе од „јас“ – со ова лажливецот избегнува одговорност за она што го зборува и се надева дека ќе му поверувате. Исто така во тие ситуации поретко се користат и зборови како „но“ или „освен“, а почесто зборовите содржат негативна емотивна конотација „омраза“, „тага“, или „гнев“.

Негирање, оправданост и кратки одговори – кога ќе ги прашате за нивната приказна лажговците автоматски ќе одречат дека нешто би сокриле, ќе пробаат да објаснат и зошто се однесувале на одреден начин, иако никој не побарал од нив. Ова однесување произлегува од тоа што се чувствуваат виновни за нешто.

Премногу детали – Лажливците мораат да запаметат детали за својата лажна вистина за да не бидат фатени во лага. Токму заради тоа често опишуваат премногу детали за нивната приказна да се чини пореалистична за да ги сокријат своите траги. Луѓето кои ја зборуваат вистината не навлегуваат во детали.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот