X
 07.11.2022 Живот

Трошоците за живот во октомври зголемени за речиси 20 проценти во споредба со лани

Трошоците на животот во октомври 2022 година во споредба со октомври лани бележат зголемување од 19,8 %, а цените на мало од 15,4 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1,4 отсто, а цените на мало за 0,6 проценти.
Пораст на индексите на трошоците за живот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7,3%, млекото за 5,9%, сирењето и урдата за 5,7 %, месото за 3,6%, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3,2%, рибата и морските плодови за 2,8%, лебот и житата за 1,8%, кафето, чајот, какаото за 1,4%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1%, виното за 0,9%, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,5%, пивото за 0,4% и жестоките пијалаци за 0,3%.

Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4,6%, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3,7%, цврстите горива за домаќинствата за 3,4%, парамедицинските услуги за 1,8%, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1,7%, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1,6%, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,4%, медицинските услуги за 1,3%, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,2%, игрите, играчките и хобијата за 1,0%. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0,9%, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,8%, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0,7%, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0,6%, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0,5%, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,4%, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0,3%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3,6 % и маслото и маснотиите за 0,8 %.

Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12,4%, туристичките аранжмани за 10,4%, теписите и другите подни покривки за 4,5%, воздухопловниот патнички транспорт за 1,7%, градините, растенијата и цвеќињата за 1,4%, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,1%, моторните возила за 0,7%.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот