X
 20.12.2018 Образование

Која е најголемата лага што ви ја кажале за студирањето пред да станете студент?

За многу луѓе студентските денови се најдобрите во животот. Тоа се годините кога запознале најмногу пријатели, имале најмногу забава и доживеале незаборавни искуства. Сепак, многу студенти се зачудени кога ќе почнат со студиите. Причината за тоа честопати е погрешното информирање од другите.

Едно прашање на „Редит“ е: „Која е најголемата лага што ви ја кажале за студирањето пред да станете студент?“ Прашањето им даде шанса на многумина да го кажат тоа што досега немале шанса да го кажат. Кои се најчестите одговори од сегашните и поранешните студенти?

„Професорите не се грижат за вас. Дури и на последипломските студии, некои професори се навистина пријатни и се грижат.“

„Мојот професор од средно ми рече дека тестот со повеќе понудени одговори што го имавме на крајот од годината ќе биде нашиот последен во животот. Тоа е далеку од вистината.“

„Твојата област не е битна. Не треба да студираш нешто што сакаш, туку нешто со кое можеш да заработиш.“

„Ќе се здебелите од јадењето во мензата.“

„Треба да ги купувате сите книги. Најголемата лага за факултетот!“

„Ми кажаа дека сум посебно интелигентен. На факултет сфатив дека сум просечен или помалку од просечен во некои области.“

„Домашната работа е потешка од онаа во средно образование.“ „Ќе бидете зафатени цело време и нема да имате слободно време. Би требало да ни кажат дека ќе имаме премногу слободно време!“

Се согласувате?

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование