X
 05.02.2022 Живот

Што да ставите во професионалната биографија кога немате работно искуство?

Пишувањето професионална биографија може да биде тешко за студентите или за оние што тукушто дипломирале. Многу припадници на овие групи немаат работно искуство, па затоа не знаат што да напишат во професионалната биографија кога се пријавуваат на оглас за работа. Еве неколку совети на оваа тема кои може да помогнат.

Што помалку текст

Овој совет можеби звучи контрадикторно за некој што и онака нема што да стави во професионалната биографија, но со помалку текст документот ќе изгледа поконцизен. Одберете некој графички ориентиран пример и поделете ја биографијата во неколку главни цели: основни информации и податоци за контакт, образование, интереси и хоби и дел за дополнителни искуства, како волонтирање, пракси или размени.

Во секој дел внесете ги основните информации и вметнете графички додатоци за да го разубавите документот.


Фото: Pixabay

Сè се зема предвид

Студентите често забораваат дека искуството од факултет е корисно. Така, доколку за време на студирањето сте работеле на некоја студија на случај, запишете го тоа искуство во професионалната биографија. Тоа не значи дека треба да пишете сè во детали, туку само најбитните делови и искуства. Работодавецот ќе го цени секое дополнително знаење. Не заборавајте и да ги вклучите конференциите, учеството во клуб на факултет итн.

Не потценувајте го своето знаење

Не треба да се преценувате, односно да лажете за искуството и знаењето, но не треба ни да го потценувате знаењето. Дури иако не го користите „Ексел“ на дневна основа, веројатно ги знаете основите, па може да го наведете тоа во професионалната биографија.

Некои други корисни вештини може да бидат користење социјални мрежи, пишување, возачка дозвола, вештини за презентирање, изработка на презентации итн.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот