X
 19.09.2022 Образование

Албанските студенти бараат од Владата финансиска поддршка од 100 евра месечно, нивните професори - повисоки плати

Студентите во Албанија почнаа онлајн петиција со која од премиерот Еди Рама и министерката за образование Евис Куши бараат финансиска поддршка од 100 евра месечно.

Во пресрет на почетокот на новата академска година, 17 октомври, тие бараат поголема поддршка од Владата, односно месечна финансиска помош од 100 евра за секој студент.

Студентите отворија онлајн петиција на порталот „Студентите осудуваат“ за собирање потписи и за само неколку часа ја потпишале 6 илјади студенти.

Во официјалното допис што студентите го испратиле до премиерот Рама и министерката Куши, тие бараат Владата да ги преземе неопходните чекори за создавање посебен буџет за студентите, бидејќи трошоците за живот станале преголеми. Како само еден од многуте примери ја наведуваат станарината, која чини најмалку 300 евра.

На протест во петокот повисоки плати побараа нивните професори, кои тврдат дека не добиле покачување повеќе од десет години.

Универзитетските педагози бараат Владата да ги опфати со пакетот помош поради „енормно високите цени, предизвикани од кризата“, за што и дадоа рок до 5-ти идниот месец.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование