X
 29.12.2018 Технологија

„Инстаграм“ на кратко го смени изгледот и корисниците збеснаа

„Инстаграм“ почна да тестира хоризонтален приказ на објавите кај одреден број корисници, воведувајќи сосема различен изглед од оној кој е карактеристичен за апликацијата откако е направена.

Истата функција е тестирана во октомври оваа година во категоријата „Explore“. Се чини дека сега постепено ова ќе се шири и на почетната страница кај поголем број корисници.

Новиот начин на прикажување сите објави ги претвора во едно големо стори, заедно со „кликањето“ за да се дојде до идната содржина и лента на врвот која прикажува колку далеку сте стасале.

Станува збор за прилично голема промена за корисниците на „Инстаграм“, кои се навикнати на стариот изглед. Во хоризонталниот приказ, акцентот е ставен на поединечна фотографија или реклама во дадениот момент. Можете да ја прегледувате само поединечната објава, а коментарите се поистакнати.

Исто така, значително е потешко да се прелиста очетната бидејќи, како што напоменавме, можете да прегледувате само објава по објава. Но, затоа е полесно да се дојде до сторито, со едно движење на прстот од горе надолу. Се чини дека хоризонталниот преглед засега ја опфаќа само почетната страница.

Шефот на „Инстаграм“, Адам Мосери, на „Твитер“ напиша дека станува збор за тест, кој станал достапен за повеќе луѓе отколку што очекувале. Но, од „Фејсбук“ стаса демант. Според нив, станува збор за грешка во програмирањето која брзо е поправена.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија