X
 08.07.2016 Здравје

Како да приготвите ориз кој ќе има помалку калории?

Оризот, изворот на енергија на голем број национални кујни, е веојатно најприсутната храна во светот. Во Азија, каде се консумира околу 90% од целиот ориз, оваа храна е дел од речиси секој оброк. На Карибите, каде се меша со грав исто така е често застапено јадење.

 

ориз


Оризот е популарен затоа што оди со голем број различни видови на храна и е релативно евтин. Меѓутоа како и секоја храна во која има скроб, има една маана: не е толку добар за здравјето. Консумирањето на белиот ориз е поврзано со поголем ризик од дијабетес. Една чаша ориз има околу 200 калории од кои повеќето доаѓаат во форма на скроб, кој се претвора во шеќер, и често во масти.

Но, што ако постои поздрав и поедноставен начин за приготвување на оризот?

Студент од Колеџот за хемиски науки во Шри Ланка заедно со неговиот ментор измислија нов начин за приготвување на ориз со кој се намалуваат калориите за околу 50%, и е доста здрав. Генијалниот метод кој во суштина е едноставна манипулација на хемијата, вклучува неколку лесни чекори.

„Она што треба да го направите е да го приготвите оризот на вообичаен начин, но кога водата ќе зоврие, пред да го додадете оризот, додајте кокосово масло - околу 3% од тежината на оризот кој ќе го готвите“ вели Судхаир Џејмс, кој го презентира ова истражување на Националниот состанок на американското хемиско општество. „Откако ќе биде готов, оставете го да се олади во фрижидерот околу 12 часа. Тоа е тоа“, завршува студентот.

Како функционира?

За да сфатите што се случува треба да знаете хемија позади храната. Не секој скроб е создаден еднакво. За скробот познат како сварлив скроб му е потребно малку време да се свари, но за брзо време се претвора во гликоза, а подоцна во гликоген. Вишокот на гликоген се собира во нашиот стомак и го прави поголем ако немаме доволно енергија за да го согориме. На друг скроб, наречен отпорен скроб, потребно му е подолго време да биде процесиран од телото и не се претворра во гликоза бидејќи немаме способност да го свариме.

„Ако можете да го намалите сварливиот скроб во нешто како варениот ориз, тогаш можете да ги намалите калориите“, вели Д-р Пушараја Тавараја, професорот кој вршел надзор на истражувањето.

Знаејќи го ова, професорот и Џејмс тестирале осум различни рецепти за 38 различни видови на ориз во Шри Ланка. Она што го откриле е дека со додавање на липиди во зоврриената вода, а потоа и со ладењето на оризот, оризот драстично го менува својот состав - на подобро.

„Маслото се поврзува со скробот во оризот и ја менува неговата структура. Ладењето му помага на оризот со конверзијата на скробот. Резултатот е поздрава храна“.

Истражувачите се'уште ќе треба да ги тестираат останатите видови на ориз, вклучувајќи го и видот Судуру Самба, за кој веруваат дека ќе го произведе најголемото намалување на калориите. Тие исто така планираат да експериментираат со масла освен кокосовото масло како на пример сончогледовото масло.

Како што велат научниците, постои добра причина да веруваат дека хемијата може да биде применета во многу други популарни но помалку здрави јадења.

„Станува збор за повеќе од ориз. Дали можеме да го направиме истото и за лебот? Токму тука е вистинското прашање“. вели Тавараја.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје