X
 20.12.2019 Живот

Како се слави Божиќ на Северниот Пол?

Оваа година на Северниот Пол има поголема фреквенција од вообичаеното бидејќи експедиција го истражува мразот на Арктикот.

Експедицијата е составена од климатски научници кои го проучуваат Арктикот. Тимот мора да работи во постојаната темница на поларната ноќ и на температури до -45 степени.

1
Фото:Esther Horvath/AWI

Како изгледа Божиќ на Северниот Пол?

И покрај овие екстремни услови, голем број научници избраа да бидат на овој брод - германскиот кршач на мраз „Поларстерн“. Кон средината на декември тие се наоѓаат на 270 километри од Северниот Пол.

Експедицијата, која ја почнала мисијата во 2019 година, е мултидсциплинарна опсерваторија за проучување на арктичката клима позната како „Мозаик“. Научниците ќе останат на бродот во текот на целата година. Тие се надеваат дека ќе го подобрат нивното сфаќање за климатските промени со анализирање на срцето на глобалното затоплување: Арктикот.

Трупот на бродот е затворен во густ слој мраз. Додека мразот плови од источната кон западната страна на Арктичкиот Океан, носен од океанските струења, замрзнатиот брод плови со него.

2
Фото: ВВС


Работата на мразот на Арктикот е предизвик. Во средината на зимата околината е прилично негостопримлива.

Температурите под -30 степени бараат целата кожа да биде покриена за да се избегнат смрзнатини. Ветерот може да ги намали температурите уште повеќе. Ветер од 10 метри во секунда ја намалува температурата за речиси 10 степени.

Исто така, ветерот може да го врти снегот на мразот, доведувајќи до мала видливост, како ненадејна магла и обилни врнежи од снег. Со тоа, движењето наоколу е екстремно опасно, бидејќи сите ориентациони точки може одеднаш да исчезнат - дури и светлата од бродот може да не се повеќе видливи. Кога ќе се случи тоа, работата на мразот мора веднаш да престане.

Дури и кога условите овозможуваат работа, во текот на зимските месеци научниците мора да работат во постојан мрак.

Гласна, вознемирувачка врева е единственото предупредување пред да се отвори пукнатина во мразот.

4
Фото: ВВС


Другата главна опасност на мразот - покрај студот и пукнатините - се поларните мечки.

Колку и да изгледаат симпатични, поларните мечки се опасни предатори. Љубопитните цицачи можат да го намирисаат „Поларстерн“ и сакаат да ги испитуваат непознатите предмети со кои се среќаваат во близина, како научни инструменти.

4
Фото: Thea Schneider

Труди Хохл од Свалбард, Норвешка, е стражар која внимава на поларните мечки. Нејзина должност е да осигури дека луѓето се безбедни на мразот.

2
Фото: ВВС


Можеби најголемиот предизвик во арктичката зима воопшто не е надвор, туку одржувањето на среќата во самата експедиција во текот на тешките услови.

Работењето долги часови секој ден со малку време за одмор е прилично тешко. Тешко е и тоа што целата експедиција живее збиено цели три месеци во темница. Со ограничен интернет и поврзаност со надворешниот свет, еден ефикасен лек е старомодниот шпил карти.

1

Освен што декември е месец што носи празнично расположение, ова е месец кога научниците имаат прв контакт со други луѓе.

Храната е лесен начин за одржување на среќата кај луѓето во текот на божиќните празници. Бродот има посветени готвачи и пекари кои обезбедуваат леб на дневно ниво, како и торта. Целиот персонал на бродот е далеку од дома, но тие е сепак наоѓаат начин да го прослават Божиќ.

8
Фото: ВВС

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот