X
 28.05.2017 Наука

Стари снимки од експедиции кои го промениле светот

Британското кралско географско друштво објави филмови со научни експедиции кои ги спонзорирало во првата половина на 20 век.

снимки
Фото: YouTube/printscreen

Вредните снимки од кои некои не биле видено преку 100 години се дигитализирани и поставени на интернет. Филмовите можат да им помогнат на денешните научници да дознаат повеќе за ефектите на климатските промени.

„Здружението има колекција од преку два милиони предмети. Ова е најголемата светска колекција на географски мапи, фотографии, предмети, дневници, бележници и публикации“, вели Алисдер Меклауд, раководител на проектот.

Меѓу филмовите е и првата снимка на Монт Еверест во воздух кој во 1933 година ја направил мајор Лејтам Блекер, поранешен пилот ловец и воен херој. Блекер и неговите пријатели ги ризикувале животите летајќи повеќе од било кој пред нив во специјално направени двокрилни авиони за да ги направат овие историски снимки.

Најшокантна е најраната снимка од Тибет од 1922 година, направена од капетан Џон Ноел кога се обидувал да стигне до врвот на Монт Еверест, што во тоа време било како слетување на Месечината.

Снимени се и случувања кај манастирот во кој планинарите побарале благослов од монахот, кои ги примиле како почесни гости.



Посетителите на кино во 1932 година можеле да ги гледаат авантурите на Ралф Бегнолд, кој исто така бил офицер и со својот тим со автомобилите патувале илјадници километри преку либиската пустина. Извлекувањето на возилата заглавени во песок бил посебен дел за забава на публиката.

Делото на Бегнолд подоцна било искористено и за време на истражувањето на Марс и дизајнирањето на ровер кој би можел да се движи по површината на Марс, а да не се заглави. Во Јемен пилотот Обри Рикардс го снимил Хадрамот, област во која живееела древна цивилизација. Филмот покажува густо збиени облакодери од кал изградени во 16 век. Некои од нив имаат по 11 спрата и уште се населени.

Во ова подрачје, понекогаш наречено „пустинскиот Менхетен“, луѓето научиле да живеат во големи групи на мал простор. Меѓу најинспиративните филмови се снимките од Бутан и Тибет кои на своите патувања во 30-те години ги снимиле младите истражувачи Џорџ Шериф и Френк Ладлоу.

Професор Мајк Хефернон од Универзитетот во Нотингем вели дека овие рани филмови во боја го засилуваат впечатокот на светот за поголема надеж што е сосема во спротивност.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука