X
 19.06.2024 Наука

Топлотните бранови се создаваат поради топлинските куполи - За што се работи?

Топлотните бранови, долги периоди на температури повисоки од нормалните, стануваат сè почест и постојан феномен ширум светот. Екстремни топлотни бранови беа забележани во Индија, Саудиска Арабија и Грција, а го зафаќаат и Балканскиот Полуостров.

Во Индија температурите неодамна достигнаа речиси 50 Целзиусоци степени, предизвикувајќи сериозни здравствени проблеми и нарушувања во секојдневниот живот. Во Саудиска Арабија, температурите достигнаа околу 44 степени во Мека и Медина, што предизвика смрт на стотици аџии.

На почетокот на јуни Грција забележа рекордни температури за тој период, кои во повеќе области надминаа 39 степени. Овие примери јасно покажуваат дека климатските промени ја зголемуваат фреквенцијата и интензитетот на топлотните бранови ширум светот, со сериозни последици по здравјето на луѓето, животната средина и инфраструктурата.

Една од клучните причини за овие екстремни временски настани е феноменот познат како топлинска купола.

Што е топлинска купола?


Топлинска купола е метеоролошки феномен во кој голема маса топол воздух е заробена над одредена област, предизвикувајќи екстремни температури. Топлиот воздух, кој е поредок од студениот воздух, има тенденција да оди повисоко. Сепак, силен систем со висок притисок може да го спречи ова кревање и ширење и да го принуди топлиот воздух да остане заробен во близина на површината во одредена област.

Како се создава топлинска купола?

Во оваа смисла, системите со висок притисок делуваат како капак или купола над одредена област.

Атмосферскиот физичар Бранко Грисогоно, професор од Факултетот за уметности во Загреб, толкува дека зголемената суспензија во силно антициклонско воздушно поле не дозволува длабока влажна конвекција и испарување, но со својот силен „капак“ го прави спротивното - го инхибира мешањето и вентилацијата на воздухот.

-Ова најчесто се случува кога млазниот поток, поларен или суптропски, е премногу слаб, а ова слабеење е нешто што се случува во овие моментални климатски промени - додал Грисогоно.

Маѓепсан круг

Сончевата енергија ја загрева земјата, а таа потоа го загрева воздухот над неа. Без можност за издигнување и растурање, загреаниот воздух останува блиску до земјата, каде што продолжува да се загрева. Тој се кондензира под куполата, и како што неговата вкупна топлина е заробена во помал волумен, неговата температура дополнително се зголемува.

Високиот притисок го спречува и формирањето на облаци и врнежи, што значи дека просторот под термалната купола останува сув и сончев, што, пак, дополнително ја зголемува температурата.

Топлинските куполи ќе станат почести и потрајни

Разбирањето на топлинските куполи е клучно за подготовка и одговор на топлотните бранови, кои ќе станат почести и поинтензивни со климатските промени.

Со студија во рамки на која била анализирана топлинската купола во 2021 година во западна Канада и САД, било заклучило дека климатските промени значително ја зголемиле веројатноста за такви настани. Според таа студија, доколку глобалните температури се зголемат за 2 степени над прединдустриските нивоа, топлинските куполи како онаа во 2021 година би можеле да се појавуваат на секои десет години.

Топлинските куполи веќе се поверојатни

Климатските промени влијаат врз атмосферската динамика, вклучувајќи ги и промените во моделите на висок и низок притисок. Посилните и поупорни системи со висок притисок може да доведат до почесто формирање на топлински куполи. Исто така, климатските промени можат да ги ослабат млазните струи, што им овозможува на системите со висок притисок да останат на едно место подолго.

Урбанизацијата ја зголемува веројатноста за топлински куполи

Поради урбаниот топлински ефект, градовите дополнително ги влошуваат ефектите од топлинските куполи. Бетон, асфалт и други градежни материјали апсорбираат и задржуваат повеќе топлина од тревниците и шумите, што може да го зголеми интензитетот на топлотните бранови во урбаните области.

Суша и намалување на влажноста на почвата

Климатските промени придонесуваат и за почести и посилни суши. Сувата почва и недостатокот на влага, ја намалуваат можноста за површинско ладење преку испарување, што го зголемува ефектот на термалните куполи. Недостатокот на влага во воздухот го намалува и количеството на облаци, што овозможува уште повеќе сончева енергија да стигне до земјата и да ја загрее.

Времетраење на топлонските куполи


Топлинските куполи би можеле да станат сè подолготрајни со климатските промени, кои можат да предизвикаат слабеење на висинската струја и намалување на разликата во температурата и притисокот помеѓу поларните и тропските региони, бидејќи поларните предели се загреваат побрзо поради топењето на рефлектирачкиот мраз.

Ова може да предизвика атмосферските системи да се движат побавно, што значи дека системите со висок притисок, кои создаваат топлински куполи, можат подолго да се задржат над одредени области.

Долготрајните суши ја намалуваат количината на влага во почвата, што дополнително го стабилизира високиот притисок и им овозможува на топлинските куполи да траат подолго.

Извор: index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука