X
 19.04.2022 Живот

Јапонската принцеза што се откажа од кралскиот статус сега е практикант во „Метрополитен“

Шест месеци по нејзиното пристигнување во Њујорк, поранешната јапонска принцеза Мако Комуро почнала да работи како неплатен практикант во музејот на уметноста „Метрополитен“.

Ќерката на принцот Фумихито, која има 30 години, се откажа од кралскиот статус кога се венча со Кеи Комуро, кој ѝ бил колега од факултет. По венчавката таа се пресели во САД заедно со сопругот.



Таа долго покажувала интерес за уметноста и пред нејзиниот брак добила диплома по уметност и културно наследство на Универзитет во Токио, како и магистерска диплома по уметнички музеи и галерии од Универзитетот во Лестер. Работела како истражувач во универзитетскиот музеј на Универзитетот во Токио.



Како принцеза, таа не можела да стапи во брак со обичен човек без да се откаже од кралскиот статус. Мако одбила и сума од 1,35 милион долари која им се дава на членовите на кралското семејство кога се откажуваат од овој живот. Нејзиниот сопруг работи во адвокатска фирма.

Извор: My modern met
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот