X
 20.12.2020 Наука

Годинава била откриена најгрдата орхидеја во светот

Орхидеите ретко се нарекуваат грди, но тоа е описот на нов вид од растението што бил откриен во шумите на Мадагаскар.

Кралските ботанички градини во Кју, Лондон, го опишале малиот цвет како грд објавувајќи ја листата со 10 најголеми откритија во 2020 г. Gastrodia agnicellus, едно од вкупно 156 растенија и габи што биле именувани годинава, е прогласено за најгрдата орхидеја во светот. Орхидејата се храни преку габите и нема листови или друго фотосинтетско ткиво.


Фото: Kew

Во 2020 биле откриени и нови видови печурки во Велика Британија и чудна грмушка во Намибија, која првпат била забележана во 2010 г, но била именувана и идентификувана како посебно семејство годинава. Секоја година се именуваат околу 2.000 нови растенија, но нови семејства на растенија се откриваат приближно еднаш годишно. Грмушката во Намибија има необични лушпести листови и расте во екстремно топли природни солници.

Истражувачот Мартин Чик вели дека некои од новооткриените растенија може да имаат витално значење за заедниците, додека други може да се користат за храна или во медицината. Сепак, тој предупредува дека два од три вида растенија се загрозени, па затоа научниците се во трка со времето да ги откријат и именуваат видовите пред тие да исчезнат.

Извор: reuters.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука