X
 16.05.2015 Наука

Отровното јаболко

Дрвото манчинел (Hippomane mancinella) е вид на цветно растение од фамилијата еуфорбиаце. Ова растение го има на Флорида, Бахамите, Карибите и Централна Америка. Името манчинел потекнува од шпанскиот збор manzanila, што значи мало јаболко. Плодовите многу наликуваат на јаболко, како и впрочем целото растение.


Дрвото достигнува височина од 15 метри и има зелени цветови и сјајни листови. Манчинел е најотровното дрво на планетата. Тоа во секој дел од растението содржи многу силни токсини од кои некои и не се идентификувани.

Дрвото содржи 12 дезокси-5- хидроксифорбол-6гама, 7-алфа оксид, хипоманини и сапогенини. Во листовите е присутен токсинот флорацетофенон-2,4-диметилетер а во плодовите е присутен фисостигмин. Млечниот сок од ова дрво е присутен насекаде и содржи токсин форбол. Форболот е токсин кој ја иритира кожата и предизвикува дерматитис.


Доколку при дожд се засолните под ова дрво, тогаш една капка на дождот помешана со отровниот сок би предизвикало плускавци на кожата. Млечниот сок во контакт со очите предизвикува слепило. Плодовите доколку се јадат се смртоносни за секој организам. Токсините предизвикуваат гастроентеритис, внатрешно крварење, шок и бактериска суперинфекција. Буквално, внатрешните органи ќе бидат изгорени од ова мало јаболко.


Исто така, доколку сакате да го запалите ова растение тогаш при допир на чадот со очите може да ослепите. Бидејќи е до толку отровно, подобро не му се приближувајте на ова растение доколку го видите.

Извор: Optimum naturae

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука