X
 20.12.2021 Култура

„Сѐ што ни е заедничко“ - меѓународна изложба во МСУ

Деновиве се отвори меѓународната изложба „Сѐ што ни е заедничко“ во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ), и ќе трае до 31 март следната година (2022), а се состои од 13 дела во различни медиуми, инсталации и видеа.
Ќе бидат изложени дела од 11 интернационално признати уметници: Францис Алис (Белгија), Марва Арсаниос (САД), Шерон Хејс (САД), Артур Џафа (САД), Хива К. (Ирак), Јонас Стаал (Холандија), Ву Цанг (САД), Дардан Жегрова (Косово), како и македонските уметници Кристина Божурска, ОПА (Опсесивно посесивна агресија) и Игор Тошевски.
Кураторки на изложбата се Мира Гаќина и Јованка Попова, а дизајнот за визуелното решение го направи уметницата Неда Фирфова.

Целта на изложбата е да се понуди уметничко толкување на радикално левичарските политики и практики кои го опфаќаат концептот на сознание на различности и солидарноста на локално и глобално ниво, истражено и презентирано преку уметничка акција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура