X
 11.11.2021 Култура

Мице Јанкуловски-Мицко ќе се претстави со голема изложба во Солун

Нашиот наградуван уметник Мице Јанкуловски-Мицко, од денеска до 9 декември во галеријата „Лола Николау“ во Солун, ќе се претстави со изложбата „Ко+егзистенција, со+чувство“, заедно со грчкиот уметник Јоргос Ксенос. Куратор на изложбата е Манос Стефанидис, а почетокот е закажан за 17 часот.

- Станува збор за Лола Николау, историската галеристка од Солун која помогнала во ширењето и поширокото прифаќање на современата уметност во таканаречената „нимфа на северот“. Покрај тоа, Лола Николау беше таа што пред неколку години прва ѝ го претстави на Грција многу важниот уметник од Скопје, Мице Јанкуловски, како и онаа што соодветно го виде дијалогот што тајно се развиваше меѓу него и уметничкото остварување на Јоргос Ксенос - соопштуваат од тимот на Јанкуловски.
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура