X
 04.01.2020 Култура

Изложба на Страхил Петровски во центарот на уметноста - Њујорк

Ликовниот уметник Страхил Петровски утре ќе се обиде да ја освои ликовната сцена во светскиот центар на уметноста – Њујорк. Тој ќе се претстави со мултидисциплинарниот проект под наслов ACTION/REACTION/WOR(L)D. Отворањето е закажано за утревечер од 18 до 20 часот во Gallery MC, позната и како Македонски културно-информативен центар во Њујорк.


Кураторот Чанкуловска-Михајловска и авторот Петровски

- Овој мултидисциплинарен проект поттикнува дијалог кој се осврнува на суштината на личната егзистенција и го поставува авторот како ангажиран критичар на реалноста на современото општество – вели во освртот Маја Чанкуловска-Михајловска, историчарка на уметност и куратор на проектот.

Плакатот за изложбата е дело на нашиот реномиран графички дизајнер Зоран Кардула. Петровски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје кај професорот Родољуб Анастасов, каде завршил и постдипломски студии. Зад себе има многу самостојни и групни изложби. Ова е негово прво самостојно претставување во Њујорк.
Изложбата се отвора со поддршка на Gallery MC и нашето Министерство за култура.

Погледнете ги фотографиите од подготовката на изложбата.






Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура