X
 20.12.2022 Живот

Експерт објаснува како правилно се подготвува чај

Многумина се обидуваат да се стоплат во студените денови со шолја чај. Може да се каже дека подготовката на чај е лесна, но дали правилно ја подготвуваме оваа напивка?

Мартин Исарк, професионален дегустатор на храна и пијалаци, открива дека во подготовката на чај не смее да се користи зовриена вода. Според него, вреќичката чај треба да се стави во вода која не е пожешка од 80 Целзиусови степени.


Фото: Pixabay

Со оглед на тоа што во минатото имало многу зарази, луѓето ја вриеле водата за да спречат болести. Меѓутоа, време е да се заборави тој мит, според Исарк.

Зовриената вода ќе го уништи вкусот на чајот и ќе остане само сув вкус на танин, изјавил тој. Доколку не можеме да ја измериме температурата на водата, експертот советува да се додаде 20 отсто студена вода во зовриената вода за да се добие идеалната температура.

Извор: Studentski
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот