X
 20.12.2022 Култура

Фотографии од снимањето на серијата „Тома“ во Сараево

Драган Бјелогрлиќ во моментов ја снима серијата „Тома“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Серијата ќе има 10 епизоди, а Милан Мариќ, како и во филмот, ја има главната улога. Освен него, во серијата ќе ги видиме и Тамара Драгичевиќ, Енис Бешлагиќ, Андрија Кузмановиќ, Медиха Муслиовиќ, Мирјана Карановиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ и други.



Сценариото е на Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ, а Бјелогрлиќ заедно со Жељко Јоксимовиќ се наоѓа и во улогата на продуцент. Со оглед на големиот успех на истоимениот филм, се очекува серијата да биде многу популарна во регионот.



Фотографии на социјалните мрежи покажуваат како тече снимањето.





Извор: Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура