Се сеќавате колку време Џои и Чендлер поминуваа пред телевизорот додека живееја заедно? Овие ликови од „Пријатели“ дефинитивно би се пријавиле на овој оглас.
„Бест валју скулс“ бара пет среќници што ќе ги гледаат првите пет сезони од серијата „Пријатели“ за надомест од 1.000 долари. За тоа би биле потребни помалку од 45 часа, што значи дека одбраните кандидати би биле платени околу 22 долари на час.
Петтемина одбрани ќе добијат и ваучер за подароци вреден 100 долари и производи инспирирани од „Пријатели“. Згора на тоа, веб-страницата ќе му испрати комплетна колекција од сите сезони на серијата на еден од петтемина.
Успешните кандидати ќе треба да ги гледаат првите 5 сезони од серијата и да споделуваат за своето искуство на социјалните мрежи. Затоа се бараат обожаватели на „Пријатели“ кои би сакале да објавуваат за серијата, притоа означувајќи ја „Бест валју скулс“.
Кандидатите треба да имаат најмалку 18 години и да живеат во САД. Доколку познавате личност што би можела да се пријави, крајниот рок за аплицирање е 31 март, а пријавувањето се прави
овде.
Автор: Елен Гутоски
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Принтскрин/Youtube