X
 21.01.2019 Живот

Печурките го забавуваат стареењето

Научници од Универзитетот на Пенсилванија во САД сметаат дека печурките од видот болетус едулис може да го намалат стареењето на човековиот организам поради мноштвото антиоксиданси што ги содржат.

Благодарение на ерготионинот и глутатионот, како и на витаминот Д, оваа намирница може значително да го забави влијанието на времето врз човекот, негувајќи ја кожата и зајакнувајќи го имунолошкиот систем, како и процесите на регенерација.

Овие аминокиселини се содржат и во зеленчукови и овошни плодови, но во печурките нивното присуство е до 10 пати поголемо.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот