120-тите може да бидат новите 60-ти години според научниците кои работат на нов лек против стареење.
Администрацијата за храна и лекови на САД дозволила човечко тестирање за првата пилула против стареење во светот - метформин. Делот што изненадува е тоа што лекот веќе е достапен на пазарот. Се работи за лек за дијабетес за кој се докажало дека го успорува процесот на стареење во тестови за животните.
Доколку научниците кои стојат зад тестирањата за во право, лекот би им дозволил на луѓето да ја зачуваат менталната и физичка сила многу подолго во животот, а просечната старост на луѓето би била 120 години. Лекот е во тестови со кои треба да се види точниот процес на кој го успорува стареењето на клетките, што е скриена причина за појава на болести како рак, дијабетес и деменција.
Од досегашните испитувања знаеме дека метформинот го зголемува бројот на кислородни молекули во клетките, што ги чува клетките поздрави на подолг период. Лекот го зголемил животниот век за речиси 40% на животните на кои бил тестиран претходно.
Секако, ефектот на луѓето може да биде различен. Над 80% од лековите кои функционирале на тестовите на животни биле неуспешни на тестовите на луѓе.
Тестирањето ќе започне наредната зима.