X
 21.01.2020 Наука

Одењето на кино е добро за срцето исто колку и вежбањето

Одлични вести за љубителите на филмот! Според неодамнешно истражување од Универзитетскиот колеџ во Лондон, одењето на кино е исто толку добро за вашето срце колку и одењето во сала за вежбање.

Во истражувањето биле вклучени 77 луѓе и било откриено дека ритамот на срцето на овие луѓе бил во иста зона како и кога луѓето правеле лесни вежби во сала за вежбање.

- Ова ниво на стимулација може да помогне да се изградат кардио-фитнес нивоата и да се согорат маснотиите. Врвот што го достигнувале отчукувањата на срцето исто така бил усогласен со специфичните моменти во филмот - велат истражувачите.

Учесниците во истражувањето ја гледале филмската верзија од анимираниот филм „Аладин“ и додека го гледале филмот, носеле биометриски сензори за да ја следат работата на срцето.

Истражувањето исто така објаснува дека одењето на кино е добро за нашето ментално здравје. Причината е тоа што ни овозможува да се исклучиме од стресните ситуации со кои се соочуваме во нашите животи.

- Киното е едно од местата каде што можете да се оддалечите од уредите и надворешниот свет и навистина да се исклучите. Над половина од гледачите сметаат дека искуството е терапевтско во емотивна смисла и се чувствувале подобро - се вели во истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука