X
 26.03.2018 Наука

Периодот од животот кога сте најдобри во сѐ

Како што старееме, лесно е да паднеме во стапица и да помислиме дека најдобрите денови се зад нас. Но не дозволувајте да бидете измамени. За одредени вештини тоа е вистина. Но како што доаѓа секој наш роденден, постои причина поради која треба да бидете возбудени - се доближувате до врвот на вашата среќа или математичките вештини или задоволството од тоа како изгледа вашето тело.

Луѓето имаат различни „врвови“ на среќа, што се протегаат низ различни периоди од нивните животи. Првиот „врв“ започнува околу второ одделение, кога почнуваат вештините за странски јазици. За децата е полесно да усвојат некој нов странски јазик отколку возрасните, така што способноста на поединецот да научи нов јазик го достигнува врвот на возраст од седум години или барем пред пубертетот.

Според истражување од 2010 година, вашата способност да учите и да запомните нови имиња е врвот што го достигнувате на 22 години. За жал, вашата способност да се сеќавате на лица не се совпаѓа со оваа вештина. Врвот на оваа способност ќе го достигнете десет години подоцна, на 32-годишна возраст.

Во најголем дел овие „врвови“ се исти без оглед на полот. Но возраста кога ќе добиете највисока плата има прилично голема разлика меѓу половите - жените ќе го достигнат врвот во платата на 39 години, додека мажите на 48 години. И двата пола достигнуваат врвни аритметички вештини на возраст од 50 години.

Следната година, на 51, луѓето најдобро ги разбираат емоциите на другите. Најбогат речник имаат луѓето на 69-годишна возраст, врвна среќа поврзана со вашето тело постигнувате на 74 години, а последно на времепловот е врвот на вашата психолошка благосостојба, што го доживувате на 82 години. Само еден квалитет се појавува двапати. Станува збор за целокупното задоволство од животот, а се појавува на 23 и на 69 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука