X
 21.01.2021 Образование

Царовска тврди: Со реформата ниеден наставник не останува без работа

Министерката за образование и наука Мила Царовска по денешниот состанок со наставниците истакна дека тие имаат централно место во образовниот систем и од нив зависи квалитетот на целокупното образование и затоа биле вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени.

Според министерката, со реформата се става фокус на нивните барања во однос на начинот на организација на часовите. Царовска истакна дека наставниците сега имаат повеќе време со учениците, но и поголема слобода за организација на наставата.

-Би сакала директно да им се обратам бидејќи имаше многу неточни работи кажани во изминатиот период и да ги расчистам. Прво, ниеден наставник не останува без работа, напротив, верувам дека на долг рок уште повеќе вработувања ќе бидат потребни за подигање на квалитетот на наставата. Второ, ниеден предмет нема да биде укинат, начинот на организација на наставата ќе биде сменет. Фондот на часови зголемен, а не намален. Трето, обуките ќе бидат темелни со цел секој од нив да биде подготвен за настава. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа. Свесна сум дека секоја промена носи страв и дека промените не се лесни, но уверувам дека се во интерес на сите и пред се на наставниците - изјави Царовска.

Фото: МОН

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование