X
 28.11.2021 Живот

Кој подобро учи странски јазици - мажите или жените?

Според истражување на еден универзитет од Велика Британија, во кое учествувале 30.000 испитаници што посетуваат курс за странски јазик, дури 69 отсто од курсистите биле жени, а 31 отсто биле мажи.

Во Франција било спроведено истражување на вкупно 110.813 ученици на странски јазици, од кои 74,1 отсто биле жени.

Зошто жените почесто учат странски јазици?

Најпопуларната теорија е поврзана со мозокот. Имено, женскиот мозок покажува поголема активност во областите што се користат за кодирање странски јазици, додека мозокот на мажите покажува поголема активност во областите поврзани со визуелни и аудиофункции. Затоа, за мажите е полесно визуелното и усно учење.

Освен тоа, машкиот мозок е поаналитичен и затоа мажите сакаат структурна работа, додека жените се поинтуитивни и повеќе сакаат слободни уметности.


Фото: Pixabay

Во учењето странски јазици жените се вклучуваат во сите аспекти: од разговор до пишување и читање, додека мажите се држат до помалку методи за учење, што ги спречува да напредуваат со учењето на јазиците.

Истражувањата покажале и дека врските и пријателствата што произлегуваат од разговорот, исто така, повеќе ги мотивираат жените отколку мажите. Жените повеќе се водат од лични награди, додека мажите ги привлекуваат други фактори, како статус или положба.

Дел од големата разлика помеѓу мажите и жените кога станува збор за учењето странски јазици можеби е и тоа што јазиците се сметаат за женски домен (на сличен начин на кој инженерството може да се смета за машки домен). Овие стереотипи можеби придонесуваат на создавањето на разликите во учењето.

Извор: Studentski Zivot
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот