Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна со онлајн настава за своите студенти.
- Студентите веќе ги добија првите предавања кои може да ги следат во своите домови. Имајќи ги предвид спецификите на учењето архитектура, АФС интензивно работи на испитување на можностите за алтернативна настава и за оние наставни дисциплини кај кои учењето од далечина бара дополнителни, специфични софтверски и технички решенија -изјавија од факултетот.