За прв пат во поновата историја празнувањето на големиот христијански празник Велигден, ќе се одржи во празни храмови. Според препораките на Владата, но и здравствените експерти, за Велигден верниците треба да останат во своите домови, поради опасноста од ширење на коронавирусот.
Пред неколку часови, започна најдолгиот полициски час, па граѓаните мора да останат дома.
Православните цркви нема да ги затворат вратите за верниците. Дел од нив ги посетија храмовите, вчера и денеска пред да почне карантинот.
Ова е дел од атмосферата што во Скопје ја затекна нашиот фоторепортер:
Фото: Борче Поповски