X
 20.03.2020 Живот

И во време на пандемија балканските градови се меѓу оние со најзагаден воздух

Пандемијата на коронавирусот предизвика затворање на граници, одложување на летови, забрани за патување, карантин на градови, самоизолација на илјадници луѓе низ светот, намалување на цената на нафтата и што уште не.

Но, пандемијата има и неочекуван ефект врз животната средина во форма на намалено загадување. Мерките за запирање на коронавирусот резултираа со редукции во производството во клучните индустриски сектори во Кина. На снимките на Европската вселенска агенција може да се види како опаѓаат емисиите на азотен диоксид. Опаѓањето е најзабележливо кон крајот на јануари, период кога во земјата владееше карантин, додека од почетокот на март нивоата почнуваат да се зголемуваат.



Сателитските податоци над Северна Италија исто така покажаа голем пад на загадувањето на воздухот - конкретно азотниот диоксид што главно се испушта од автомобили, камиони и фабрики.

Но, што е со нашиот регион? Доколку ја погледнете листата на „Ер Вижуал“ каде што во живо се следи квалитетот на воздухот, ќе ви падне в очи застапеноста на балканските градови во најзагадените на светско ниво. Дури и за време на пандемија и намалени емисии, Балканот повторно се наоѓа меѓу местата со најзагаден воздух.

Така, Скопје се најде на 11. место со индекс на квалитет на воздухот (AQI) 125.

Фото: Air Visual (printscreen)

Полоши се Софија (Бугарија) со AQI 131, која се наоѓа на осмото место на табелата, и Сараево (Босна и Херцеговина) со AQI 145, кое се наоѓа на шестото место, а најлошо позициониран е Белград (Србија), кој ја зазема петтата позиција со AQI 149. Приштина (Косово), пак, е на 30. позиција со AQI 87.

На првото место на листата се најде Дака (Бангладеш) со AQI 186, а потоа следуваат Гуангџоу (Кина) со AQI 166, Ханој (Виетнам) со AQI 159 и Делхи (Индија) со AQI 154. Само два кинески града се најдоа меѓу десетте најзагадени во целиот свет.

Фото: Air Visual (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот