X
 27.07.2021 Здравје

Која вакцина е прифатена за патување од најмногу земји?

Според податоци од веб-страницата „Визагајд“, најприфатена вакцина во светот, во поглед на поминување на граница, е онаа на „Астра зенека“. Оваа вакцина е прифатена во 119 држави.

Следува вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“, која е одобрена од речиси 90 земји, а потоа „Спутник V“, која е признаена во над 60 држави.

Следуваат вакцините на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“. Од друга страна, кинеските вакцини се признаени во помалку држави.


Фото: The Economist

На веб-страницата „Визагајд“ може да проверите дали одредена вакцина е прифатена за влез од страна на дестинацијата.

Секако, некои држави имаат мерки, на пример, карантин за туристи од некои држави без разлика дали се вакцинирани.

Извори: Buka | The Economist
Фото: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје