Ако вашиот телефон е повеќе како додаток на вашата рака, тогаш вие спаѓате во групата која не може да живее без својот паметен телефон.
„Станавме нетолерантни на моментот да бидеме сами. На нашиот мозок постојано му е потребна стимулација, а тоа можеби е најопасната промена“, вели психологот Шери Туркл.
Зошто опасна? Од суштинско значење е да сте смирени и фокусирани со цел да направите важни животни одлуки. Но, нашата врска со технологијата го избриша нашето внимание.
Постојат начини за ублажување на овие страшни промени кои се во развој и кои не` претвораат во технолошко-базирана нација. Најлесен начин е да започнете со дигитална детоксикација. Исклучете го телефонот неколку минути, еден час или цел викенд и со тоа можете да направите огромна разлика.