X
 16.05.2020 Здравје

Во последното деноноќие: 16 оздравени и 22 новозаразени со коронавирус

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 16 оздравени пациенти од Ковид-19 во: Скопје-8, Прилеп-2, Струга-2, Велес-2, Гостивар-1 и Кратово-1.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1.

Во ГОБ „8 септември“ починала пациентка од Скопје (79 години), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја, од почетокот на епидемијата, изнесува 1.762. Бројката на оздравени пациенти е 1.267, а на починати е 98. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 601, активни 134
•       Куманово – 414, активни 44
•       Дебар – 51, активни 0
•       Штип-35, активни 1
•       Прилеп –197, активни 65
•       Тетово – 137, активни 74
•       Струга – 69, активни 4
•       Велес – 114, активни 48
•       Битола –26, активни 7
•       Охрид –18, активни 3
•       Кавадарци – 5, активни 0
•       Гостивар –19, активни 2
•       Гевгелија – 4, активни 0
•       Струмица – 2, активни 0
•       Крива Паланка- 6, активни 2
•       Радовиш – 4, активни 0
•       Крушево – 3, активни 0
•       Кочани – 31, активни 4
•       Пробиштип – 2, активни 0
•       Кичево – 2, активни 0
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       
•       Демир Хисар – 1, активни 0
•       Македонски Брод - 2, активни 0
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1, активни 0
•       Валандово -1, активни 1
•       Виница – 2, активни 0
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1

Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на Ковид -19.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје