X
 21.03.2022 Живот

Моето дете со Даунов синдром ме направи силна и упорна, вели Бранкица Јованова

Бранкица Јованова е мајка на седумгодишниот Максим, дете со Даунов синдром.

Токму денеска, на 21 Март, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ја сподели својата приказна, која ни малку не била лесна, особено на почетоците бидејќи во текот на бременоста не знаела дека детето има Даунов синдром, па дијагнозата ѝ била вистински шок.
Инаку, 21 Март е симболично одбран датум поради трите копии на 21. хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

- На почетокот беше разочарувачки бидејќи Максим ни е прво дете. Знаевме што е Даунов синдром, но не беше доволно. Со текот на времето видовме и дека не е сè така црно. Имаме многу скалила за искачување, но фактот дека имам дете со Даунов синдром ме направи многу силна и упорна, и истовремено почувствував што значи вистинска и чиста љубов - вели таа.

Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот