X
 22.10.2021 Живот

Концерт на првиот инклузивен хор на лица со Даунов синдром

Преку пеење хитови од македонската народна и забавна музика, учесниците Марио, Стефан, Ена, Матеј, Филип, Илини, Оли, Бети, Ники, Даре и Коста, под водство на Билјана Димитрова, денеска во 18:30 на Плочник – Градски ѕид планираат да го разбудат градот Скопје од попладневна дремка. 

Станува збор за првиот инклузивен градски хор при Здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“.

Целта е да се покаже дека уметноста и културата можат да бидат алатки за интеграција во општеството, социјализација и подобрување на животот на лицата со Даунов синдром како и другите лица со посебни потреби.

фото: „Трисомија 21“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот