X
 21.05.2024 Живот

Оваа европска престолнина воведува забрана за „глупави костими“ на улиците

Многу градови во Европа се соочуваат со метежи и преполни улици, па спроведуваат маркетинг-кампањи за намалување на бројот на туристи и контрола на нивното однесување на улиците и плоштадите.

Така, Амстердам сака да се „ослободи“ од сликата предизвикана од легалната марихуана и познатиот кварт на црвените фенери, Венеција почна да го наплаќа влезот во градот, а штотуку беше објавено дека локалните власти во Прага размислуваат да воведат закон кој ќе забрани одредени видови облека за туристите.

Забраната се однесува на „глупави костими“ кои британските туристи обично ги носат на ергенските и моминските забави.

Забраната за „глупави костими“ во центарот на Прага ја предложи локалниот совет, а доколку законот биде усвоен, туристите ќе мора да го почитуваат „кодексот на облекување“ при минување низ историскиот центар на чешката престолнина, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Забраната ќе се однесува на средновековниот стар град и замокот во Прага, како и на плоштадот Вацлав. Баровите во областа се особено популарни кај Британците, кои го посетуваат градот поради неговите пабови и популарните тури со пиво. Официјалните лица се надеваат дека забраната ќе го спречи не само грубото однесување, туку и бучавата.

Други мерки што претходно ги разгледуваше градот вклучуваат забрана за возење автомобили навечер во центарот на стариот град и ограничување на работното време, но ниту еден од овие предлози не е спроведен до денес.

Извор: bizlife.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот